Вести Свет Топ вести

САД и официјано се повлече од СЗО

Администрацијата на Доналд Трамп ги известила Конгресот и Обединетите нации дека САД и формално се повлекуваат од Светската здравствена организација, што следува по драматичното зголемување на бројот на заразени со коронавирус низ земјата.

„Конгресот прими известување дека претседателот Трамп и официјално ги повлекол САД од Светската здравствена организација. Ова нема да ги заштити животите или интересите на Американците, туку ја остава Америка сама и болна“, напиша сенаторот Роберт Менендес на Твитер.

Официјално лице од Стејт департментот исто така потврди дека известување за повлекувањето, кое стапило на сила на 6 јули, било испратено до генералниот секретар на ОН.

Трамп во април објави дека САД ќе престанат да уплаќаат средства во буџетот на СЗО, а следниот месец најави и повлекување од членството, тврдејќи дека Кина има целосна контрола врз неа и дека таа не успеала да се справи со коронавирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе