Свет

Уште една бурна ноќ на протестите во Белград

Вечерва продолжија протестите во Белград и во неколку други градови, кои започнаа синоќа поради најавеното враќање на рестриктивните мерки и полициски час. Протестите веднаш започнаа со инциденти откако во Белград беше физички нападнат актерот и лидер на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ а полицијата повторно употреби солзавец пред зградата на Народното собрание, која се чини дека е главната мета на гневот на демонстрантите. Според проценките на српските медиуми вечерва има многу повеќе луѓе на улиците за разлика од синоќа. Во Нови Сад биле каменувани просториите на владејачката Српска напредна партија а инциденти имало пред Радио телевизија Војводина и пред градското собрание каде полицијата со солзавец ги растеруваше демонстрантите. Иако започнаа поради незадоволството од начинот на кој Србија се справува со корона кризата, сега е повеќе од јасно дека се претвараат во антивладини.

Се собравме и ова е еден вид на акумулација на незадоволството и мислам дека повеќето луѓе можеби немаат конкретни барања но повеќето луѓе ја чуствуваат неправдата на своја кожа, порача демонстрантот Саво Манојловиќ.

Откако Србија речиси преку ноќ од земја со најригорозни мерки против ширењето на Ковид-19 стана една од најотворените, бројот на новозаболени постојано расте и го достигна нивото од пикот на епидемијата. Опозицијата ги обвини владата и претседателот Александар Вучиќ за високиот број на заболени преку неодговорното однесување со предвременото повлекување на мерките за да се овозможи одржување на изборите.

Основната причина поради која дојдовме е да ги подржиме протестите кои се одржуваат во ова ненормално време, кога државата се распаѓа и кога имавме лажни избори кога СНС освои мнозинство гласови, сите знаеме како. И кога после тие избори повторно ни се случи короната, вели демонстрантот Миљан Чичиќ.

Синоќешните протести завршија со 34 повредени полицајци и непознат број повредени и уапсени демонстранти и покрај многу бројните фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Аналитичарите во Србија оценуваат дека Вучиќ и владата не ја држат ситуацијата под контрола толку добро колку што се обидуваат да прикажат што создава дополнителна неизвесност како ќе заврши.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас

Дејан Дејан

Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН

Дејан Дејан

Венецуела планира да стане членка на БРИКС во 2024 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе