Најважни Свет

Насилство и упад во српското собрание, попладне нови протести

Ова се само дел од видеата кои ги објавија некои медиуми за прекумерната употреба на сила на полицијата за време не упадот во српското собрание по најавите за повторно воведување на рестриктивните мерки. Демонстрантите со камења и факели фрлаа врз полицијата, која возвати со солзавец.

Директорот на полицијата утрово за РТС рече дека полицијата реагирала крајно воздржано. Демонтрантите кои Ребиќ ги нарече хулигани повредиле 43 полицајци, запалиле пет полициски возила, а уапсени се 23-ца.

Полицијата успеа да го воспостави јавниот ред и мир за што ни требаа, за што ни беа потребни неколку часа, со оглед на тоа што значаен број, морам да кажам хулигани немам друг збор, бидејќи тоа се луѓе кои безобзирно со камења, коцки, шишиња и сите други предмети, се обидуваа да го загрозат живот и телото на полицијата и се обидуваа да влезат во народното собрание, рече Владимир Ребиќ, директор на полицјата.

 

Стигна рекација од Европската унија дека рестриктивните мерки мора да се ограничат на она што е навистина неопходно и не смеат да ги загрозат основните човекови права, тоа се однесува и на правото на мирни протести. Премиерката Ана Брнабиќ, чија партија СНС победи на изборите, на кои не учествуваше опозицијата, го осуди насилниот упад во собранието и за тоа ги обвини политичарите губитници на изборите, кои во време на светска криза сакаат да стекнат политички поени.

Најостро го осудувам вандализмот на политичарите кои стојат зад насилниот упад во Собранието на Србија во момент кога државата и здравствениот систем се соочуваат со најтешкиот удар на коронавирусот од почетокот на пандемијата, истакна Ана Брнабиќ, премиер на Србија.

Причина за овој протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија. Српската Народна партија веќе најави тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради ограничувања на слободата на движење на граѓаните. Партијата повика на нови протести попладнево. Протестите започнаа по најавата за повторно воведување на полициски час од петок до понеделник.

Ситуацијата со корона епидемијата на југот на Србија не стивнува, во изминатото деноноќие починаа тројца во Ниш, а четворица во Нови пазар и еден во Врање.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе