Свет

Брнабиќ: Во Србија нема да има насилен преврат и анархија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.

Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме, рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.

Таа посочи дека се се прави и дека полициски час се уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.

Српската премиерка кажа дека демократскиот поредок во земјата и стабилноста ќе бидат зачувани и му порача на претседателот Александар Вучиќ утре да оди и да се бори за Косово. Таа оцени дека насилните протести во Белград несомнено предизвикале огромна штета на претстојните разговори, но дека Вучиќ ќе даде се од себе и ќе се фокусира на Косово, безбедноста на Србија и иднината на целиот регион.

Има многу што не го сакаат тоа, но зад тоа е најголем број граѓани и тоа е силата на Александар Вучиќ, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека државата ќе ги заштити и политичките противници и дисиденти, како Вук Јеремиќ, Сергеј Трифуновиќ, Драган Џилас …, кои беа нападнати на протестите, но не и оние што сакаа да претепаат некого, затоа што насилството не би било дозволено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Њујорк поништи една од пресудите за силување

Дејан Дејан

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе