Свет

Безредија во Белград: Полицијата ги разби демонстрантите кои влегоа во Парламентот

Српската полиција со солзавци, пендреци но и коњаница ги растера ноќеска демонстрантите кои се собраа пред српското собрании, бесни и незадоволни од најавата на претседателот Александар Вучиќ за продолжен полициски час во текот на викендот.

Повеќе стотици лица се собраа попладнево пред српското собрание , по драматичната прес конференција на претседателот на државата, Александар Вучиќ, кој најави затворање на главниот град на државата од Петок до Понеделник за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Бесните демонстранти ја пробија вратата на закодонавниот дом и влегоа во собранието.

Десеттина минути подоцна, припадниците на специјалните полициски сили со солзавец и пендраци ги растераа демонстрантите, исфрлувајќи ги од парламентот.

Повеќе од 1 час потоа имаше спорадични инциденти и судири меѓу полицајците и демонстрантите кои фрлаа различни предмети кон присутните безбедносни сили а повеќе пати им го враќаа и солзавецот кој го употребуваа полицајците. Протест имаше истовремено и пред зградата на српската национална телевизија.

Најголем дел од демонстрантите беше растеран од пред народното собрание со поголемо количество солзавец и марш на полициската коњица. Меѓу демонстрантите биле забележани и повеќе опозициони политичари, но тие не влегле во законодавниот дом. Директорот на српската полиција Владимир Ребиќ изјави дека повеќе полицајци биле повредени во инцидентите а уапсени биле и дел од демонстрантите. Во хаосот пред парламентот повреден бил и снимател на Танјуг.

Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека ситуацијата во Белград во поглед на ширењето на корона вируот е алармантна и најави затворање на главниот град на Србија за викендот.

Според Вучиќ, српските болници се преполни со пациенти и вирусот опасно се шири меѓу граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На моќниот филмски продуцент Вајнстин, судот во Њујорк му поништи една од пресудите за силување

Дејан Дејан

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе