Светски познатиот композитор на филмска музика и добитник на Оскар, Eнио Мориконе,, почина на 91-годишна возраст. Починал рано утрово во болница во Рим, откако минатата седмица паднал и ја скршил ногата, соопшти неговиот адвокат Џорџо Асума.
Мориконе ги компонираше препознатливите нумери за филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“ и „Беше еднаш, на дивиот Запад“. Атмосферата на прогонување и тензија, без дијалог, во шпагети вестерн филмовите на режисерот Серџо Леоне, Енио Мориконе ја боеше со музика.
Не ги опишувам сликите со мојата музика. Кога има важен филм, клучно е музиката да каже што не е кажано, а што не, може да се види, зборуваше Мориконе.
Мориконе компонираше музика за повеќе од 500 филмовии, од кои 7 се во соработка со Леоне, со кого се запознаа како деца, во основно училиште.
Роден во Рим, Мориконе до крајот на живот беше негов жител. Кариерата ја започна како трубач. Освои Оскар во 2016 година, за музиката во филмот „ Осуммина омразени“, во режија на Квентин Тарантино, доби 5 номинации за филмска музика, како „Маестро“, прими почесен Оскар во 2007 година, за неговите различни придонеси во филмската музика“ и 11 највисоки италијански награди „ Давид ди Донатело“.
Тој диригираше и го отвори фестивалот „ Охридско лето“, 2009 година, од каде изразуваат жалење за неговата смрт и благодароност за придонесот кон фестивалот. На негово барање, ќе биде погребан во кругот на семејството, рече адвокатот Асума.
Сотир Трајков