Македонија

Струмичкиот актер и активист Стојан Велков протестира со молк и залепена уста

Протест со молк и залепена уста почна од синоќа струмичкиот актер и активист Стојан Велков. Пораката ја испрати со транспарент на којшто бара итно решавање на проблемот со рудникот кај селата Иловица и Штука. Застана среде струмичкиот плоштад точно во 20 часот и остана еден час, токму во времето кога таму е врвулица од граѓани кои се шетаат на струмичкото корзо. Најави дека ќе протестира секоја вечер и во следните денови. Уште синоќа, откако на фејсбук профилот го најави протестот како знак на револт кон институциите коишто не го решаваат проблемот, му се придружија и млади активисти од Иловица и Штука со различни транспаренти.

Велков е еден од активистите коишто го мобилизираат населението против отворање на рудник во струмичката котлина. Тој пред една недела за време на моторизираниот протест рече дека во рудникот има и политичка игра на поединци од различни политички структури.

Концесионерот на рудникот кај Иловица, Еуромакс рисорсис, побара да не се спомнува рудникот за време на предизборието, и да не му се дава политичка конотација, но активистите пак, одговараат дека сега е моментот политичарите да се изјаснат за клучните прашања за иднината на регионот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе