Свет

Денот на независноста одбележан во услови на Ковид – 19 во САД

За милиони Американци прославата на 4-ти јуни, Денот на независноста, подразбира прослави, ритуали и семејни традиции. Празникот се слави од 1776 година кога Америка сртекна независност.

Но оваа година поради епидемијата од Ковид – 19 се е поинаку. Градовите ширум САД ги откажаа традиционалните паради, бидејќи бројот на заболени постојано ратсе. Но огномети има но без граѓански собири. Огнометот во Њујорк се одржа на непозната локација и непознато време. Градските власти во Бостон и Хјустон ги повикаа граѓаните огнометите да ги гледаат на телевизија дома. Плажите на Флорида и Калифорнија се затворени, како и рестораните и баровите.

Но она што не може да запре во Америка се анти-расните протести по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, кои најверојатно ќе се одржат и денеска.

Претседателот Трамп во говор во Монт Рашмонт кој го одржа во очи Денот на независноста изостави да ги критикува демонстрантите кои демолираа бројни споменици низ земјата. Огнометот се случува во време кога во САД, тред ден по ред има по 50.000 новозаболени од коронавирусот, а досега починаа 125.000 Американци. Гардијан објавува дека девојката на помалиот син на Трамп, Кимберли Гилфојл, е позитивна на Ковид – 19.

  • Време е нашите политичари да се повикаат на храброста и одлучноста на нашите американски предци. Време е. Време е да го поставиме нашето знаме и да ги заштитиме целиот народ од било која раса, секој град и секој дел од оваа славна земја, поради нашата чест, нашите деца, поради нашиот синдикат. Мораме да ја заштитиме и да ја зачуваме нашата историја, наследство и сите големи јунаци. Овдека вечерва пред очите на нашите предци Американци повторно изјавувам, како што тоа го правевме пред 244 години, дека нема тиранија. Нема осудување. Инема да се плашиме од лошите, злобни луѓе. Тоа нема да се случи, истакна Доналд Трамп, претседател на САД.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунел во Србија

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе