Македонија Топ вести

Со денови се чека на решенијата за самоизолација

Луѓето кои контактирале со потврдени позитивни на Ковид-19 остануваат без решенија за самоизолација. Дел од нив на своја рака сами одат во 14 дневен карантин и сами се тестираат по тоа. Граѓани кои сакаат да останат анонимни контактираа со Телма и велат дека со денови чекаат да ги дадат своите контакти на епидемиолозите.

Живеам во куќа на три ката и никој од моето семејство нема решение за самоизолација. Самоиницијативно се тестираше мојата сопруга, но излезе негативна. Во самоизолација не беа ставени ниту моите колеги со кои контактирам на работа, а тие исто така  на своја рака се тестираа.

 

 

Работам во поголема фирма на регион на целата земја, а јас сум во охридската подружница. Откако мојот тест излезе позитивен, немаше епидемиолошка анкета а на дел од вработените со кои работам фирмата им го плати тестирањето за да се осигура дека никој не е заразен.

Мejлови со слична содржина дека позитивни на ковид 19 не се анкетирани веднаш пристигнувале и до здравствениот инспекторат но велат се изолирани и ретки случаи на кои веднаш се реагира. Факт е дека бројот на епидемиолози во земјата е околу триесетина. Последниов месец пак бројот на новозаразени нагло се покачи поради што се доцни со решенијата за самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека притисокот е најголем во скопје.

Сепак според инспекторатот позитивно е што се зголеми здравствената самосвест кај граѓаните па самите доколку проценат дека имале подолг и поблизок контакт со заразен самите се одлучуваат на самоизолација. Од друга страна пак заканата дека ќе бидат објавени имињата на оние чии решенија не можеа да пристигнат до нив поради давање лажни податоци го зголеми бројот на луѓе кои сами бараат да ги подигнат.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе