Економија Топ вести

Само во јуни работа изгубиле 3.656 лица

Корона кризата само во јуни оставила без работа над 3.600 лица, покажала анализата на Агенцијата за вработување. Најмногу отпуштања имало во производството, па во трговија на мало и големо и угостителството. Бројките покажуваат дека од март кога почна корона кризата заклучно со јуни околу 19.000 лица бле отпуштени од работа.

„Во периодот од 1 јуни до 30 јуни со статус на невработени лица по основ на прилив од работен однос, значи чија одјава од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 односно перидот на кризата предизвикана од Ковид 19,се стекнаа 3.656 лица“- изјави Билјана Јовановска, директорка на АВРМ.

Газдите во јуни најмногу се ослободувале од лицата на кои им истекол договорот на определно време. Потоа се  тие кои биле приморани да потпишат спогодбени откази, а најмалку добиле или сами си дале отказ. Oколу 2 милиони евра денеска се исплатени на речиси 10.000 невработени кои изгубиле работа во периодот на корона кризата.

„Денеска Агенцијата за вработување изврши исплата за 6.933 невработени лица корисници на надомест онаму каде што имавме истек на определено време во износ од над 65 милиони денари, а согласно уредбата на владата која што се однесуваше на исплата на паричен надоместок за два месеци по 50 проценти, на оние кои што имаа потпишано спогодби, добија или дале отказ, направена е вонредна исплата за 2.873 невработени лица, исплатен е вкупен износ од околу 50 милиони денари„ – вели Јовановска.

Според Јовановска, во јуни има придвижување на пазарот на труд односно зголемен број на вработувања, како и на огласени слободни работни места.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе