Вести Македонија Најважни

Можно е северната граница да биде затворена доколку расте бројот на заболени во Србија и на Косово

Збунети патници се враќаат од граничниот премин Евзони, откако денеска по три часа грчките граничари го затворија преминот за сите патници, освен државјани на Грција.  Македонските гранични служби информираат дека преминот бил отворен само три часа.

Луѓето велат дека не знаат што се случува, ги враќаат од границата и ги упатуваат кон преминот Промахонас преку Република Грција.

На македонската страна од границата е мирно, патниците се пропуштаат, поголема гужва се прави пред грчката граница.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека не е исклучена можноста од нови рестрикции доколку не се намали бројот на заболени, без разлика дали станува збор за граници или забрани за движење во некои делови.

  • Дозволете да кажам ДА, апсолутно да. Во било кој момент ако се одлучиме на рестриктивна мерка било на преминот на граница или рестрикција во движењето, или во било кој дел од земјава, тоа ќе го препорачаме.

Најавува разговори со здравствените власт на Србија и Косово и за потенцијалните ризици по нашата земја.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе