Култура

Слободата -тема на новата концертна сезона на Филхармонијата

Kонцертот насловен „Зорнина“, на 6 октомври ja отвора новата концертна сезона на Филхармонијата. Програмата во новата сезона носи наслов „Дамар на слободата“.

  • Секоја концертна сезона има ново име, оваа музичка сезона ја насловивме „Дамар на слободата“, а инспирација ни беше последниот концерт во претходната сезона кој беше насловен „Слобода“. Насловот произлезе од слободата која ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и како слобода во музиката, изразот, живеењето. Во новата сезона ќе не води дамарот, односно „пулсот“ на слободата, рече директорката на Филхармонијата, Тина Иванова.

Куриозитет на отворањето на сезоната е што ќе бидат изведени три концерти за пијано од Моцарт и увертирата од операта „ Свадбата на Фигаро“. Како солисти ќе настапат врвните пијанисти Алексеј Володин и Едит Пења, а диригент е маестро Гудни А. Емилсон од Исланд.

Со концертот под наслов „Далга“, што ќе биде изведен во Скопје на 12 октомври, оркестарот на Филхармонија ќе гостува во Белград, на 16 октомври. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи Рафаел Агире на гитара, од Шпанија. На програмата се дела од Петровски, Родриго и Чајковски.

До крајот на сезоната 2022/23 година, публиката ќе има можност да проследи повеќе интересни концерти со солисти и диригенти и да ја чуе внимателно избраната програма. А, до крајот на годината со оркестарот на Филхармонијата ќе настапат диригентите Кондрад ван Алфен, Емил Табаков, Борјан Цанев и Виктор Митревски. Меѓу солистите се повеќе македонски репродуктивни уметници – виолнистите Владимир Костов и Даниел Лазаревски, чембалистката Цветанка Созовска, тенорот Благој Нацоски и др.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе