Култура

Уметницата Шејла Камериќ доаѓа со подарок за скопската публика

Изложба на босанската уметница Шејла Камериќ ќе биде отворена вечерва во Чифте амам при Националната галерија на Македонија. Изложбата е насловена „ Доаѓаме со подарок“ и ќе претстави рецентни и постари дела од Камериќ, која живее и работи на релација Берлин- Истра- Сараево. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ.

Шејла Камериќ низ делата ги портретира жените, алудирајќи на познатите теми на радикалниот и социјалистичкиот феминизам, како и на пост- структуралистичките гледишта. Изложбата ги расветлува и обичните, секојдневни елементи и женски активности, со фокус на проблемите за кои обично не се зборува. Од тука е и насловот на изложбата, кој се огледа во изменетото централно дело –  женска бела долна облека со панделка , која навидум е само украс, но нејзините издолжени краеви завршуваат меѓу посетителите на изложбата , кои се заплеткуваат во нив. На тој начин авторката прави деконструкција на родот, идентитетот, интимноста и сексуалноста.

Во рамките на вечерашното отворање на изложбата ќе се одржи и разговор со уметницата Камериќ, а ќе го води историчарот и теоретичар на уметност од Белград, Бранислав Димитријевиќ.

Изложбата ја организира КРИК- Фестивалот за критичка култура и ПРВО ПА ЖЕНСКО- Фестивалот за феминистичка култура и акција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе