Вести Македонија

Бројот на крави во малешевскиот регион за 5 години се намалил за 30 илјади

Производството на млеко за сточарите во малешевскиот регион станува се понеисплатливо, бидејќи откупната цена стагнира со години, а трошокот за да се обезди храна за добитокот е огромен. Според податоците на ресорното Министерство просечната откупна цена на млекото лани пораснала само 0,6 %, додека на дел од добиточната храна и за 62 %.  Се пожалија и дека субвенциите им доцнат две години.

Познатото малешевско сирење се продава од 400 до 450 денари,  фармерот Мачевски  вели дека цената од 600 до 850 денари на сирењето и кашкавалот во маркетите е нереална.

Бројот на крави последните пет години се намалил за близу 30.000 грла, а податоците на Заводот за статистика покажуваат дека лани во земјава се произведени  над 326 илјади литри млеко, кое и најниското производство во последните десет години.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Доближувањето на Таравари до ДУИ е доближување до „црвените лини“ во владината коалиција, велат аналитичарите во Топ Тема

Дејан Дејан

Средбата Мицкоски – Таравари заврши без конечен епилог

Дејан Дејан

Романскиот премиер Чолаку поднесе оставка, ден по победата на Симион во првиот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе