Вести Економија Култура

Албанскиот театар остана без струја поради големиот долг, проба само на дневна светлина

Темница во ходниците и тоалетите и проби за кои музика се пушта со употреба на батерии. Ваква е сликата во Албанскиот театар веќе 20 –тина дена, откако новата сезона започна со исклучена електрична енергија поради долг , тежок над 68 илјади евра. Директорот на театарот вели дека во овие околноси се принудени да држат проби за новата претставата „ Три сестри“, само додека има дневна светлина, а долгот кон EVN го поврзува со габаритноста на објектот кој влече голема потрошувачка на струја, но и со интензивните активности во првите 6 месеци од годината.

  • Тоа е од месец март, ако не се лажам. Ние во месеците февруари, март, април, мај, имавме навистина напорен репертоар, работа се разбира.Ова е голема зграда , како и да е. Има голема потрошувачка. И тоа се таложи, изјави Адем Карага- директор на Албанскиот театар од Скопје

За подмирување на долгот, театарот ги очекува парите од Министерството за култура од пред викендот и се надеваат дека деновиве проблемот ќе биде надминат. А, од Министерството со потврден одговор.

  • Средставата се пуштени од наша страна.Тие праќаат налози за плаќање и потоа EVN ќе ги вклучи.

Албанскиот театар не е единствен на кој годинава му беше исклучена струјата поради неплатен долг. Минатиот месец со таков проблем се соочи и Националната опера и балет . Заостанатиот долг на најголемата сценско – музичка институција кај нас беше од 2013 година, а изнесуваше 105 илјади евра. Откако Министерството ја подмири сумата за блокадата и за неплатените сметки, НОБ повторно светна на почетокот на овој месец. Установите од културата се големи згради со просечно 4 до 5 илјади метри квадратни површина, а користат и рефлектори на сцените што дополнително го зголемува трошкот за струја. Во пресрет на неизвесната зима, обидите на Владата да обезбеди струја од дома и од странство и осумкратно зголемената цена за киловат индустриска во однос на струјата за домаќинствата, од Центарот за култура и Театар од Куманово, со предлог до ресорното министерство.

  • Културните центри и театрите не се профитабилни компании и институции. И затоа јас предлагам , дали може тие да бидат изземени од индустриско тарифирање? Дали може да ја плаќаме струјата по нормална тарифа како домаќинствата? И доколку тоа не е доволно , да се најде некој начин културните институции да плаќаат некоја повластена тарифа, изјави Сашо Тодоровски – директор на ЦК и Театар- Куманово

А од Министерството велат дека имаат решение до крајот на годината да нема прекин во работата на културните установи.Направиле анализа и проекции за потребните суми за плаќање на зголемените сметки за струја и со ребалансот на буџетот сретствата се обезбедени.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе