Вести Временска прогноза

Сончево и потопло – Временска прогноза за 14.9.2022

Од утре подрачјето на Македонија постепено ќе потпаѓа под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса, а со тоа и пораст на температурата. Преку ден ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Наутро ќе се задржи свежо со температура од 5 до 15°C, а дневната температура во пораст и ќе се движи во интервал од 24 до 31°C.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Информација од утрово:

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 22.0, Преспанско Езеро 20.5, Дојранско Езеро 25.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе