Култура

Претставата „ My name is Goran Stefanovski“, на Драмски театар освои две награди на фестивалот во Ниш

Претставата на Драмски театар „ My name is Goran Stefanovski“, работена како омаж на творештвото на нашиот и светски докажан драматичар , во режија на Бранислав Миќуновиќ, освои два награди на театаскиот фестивал „ Театарот на крстопат“, што се одржува во Ниш. Претставата е прогласена за најдобра од жирито на Тркалезната маса на критиката, а наградата за режија доаѓа од стручното жири на фестивалот. Наградите ќе бидат врачени вечерва , во рамките на свеченото затворање на фестивалот.

Претставата „My name is Goran Stefanovski“, беше работена како компилација од 7 непоставени текстови од Стефановски во Драмски. Tаа до сега гостуваше на „Стеријно позорје“ во Нови Сад , беше изведена во Подгорица во рамките на фестивалот „ Рута “, а беше и во натпреварувачката програма на годинашниот МТФ „ Војдан Чернодрински“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе