Уште од пладне и попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи во интервал од 30 до 37°C.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 24.0, Преспанско Езеро 20.5, Дојранско Езеро 25.6
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]