Култура

Перформанс Мојот последен американски долар на Кијун Томас (САД)

Во Музејот на современа уметност вечерва во 21 часот ќе биде изведен перформансот Мојот последен американски долар, на една од најзначјаните современи изведувачки уметнички во САД,, Кијун Томас . Перформансот е дел од програмата на овогодишниот, осми по ред, Викенд на гордоста Скопје 2020.

Во фасцинантното соло дело „Мојот последен американски долар“, Томас го истражува и отелотворува отпорот со прашањето: „Како да му одолееме на искушението, како да го забавиме темпото, како да играме, како да преживееме“? Томас поставува мултимедијална инсталација со комбинација на структурални фрагменти на средини што се поврзуваат со труд, ритуал и гостопримство како што се машки соблекувални, стриптиз клубови, чекалници, црковни клупи. Истражувајќи ги формите преку кои луѓето со црна и кафеава боја на кожата го зафаќаат просторот еден за друг, Томас прашува: како да се носиш со сложената ситуација кога си млад, надарен и црн?  Преку моќната обработка на испреплетените истории на трудот, покорувањето и отпорот, Томас нагласува колку е сложено да се носат толку многу страни.

Кијун Томас е уметничка која живее и работи во Њујорк. Таа е добитничка на Фондот „Френклин Франс“ за 2018 година. Во своите перформанси комбинира рапсодични слоеви на глас снимен во живо, а посветите на песните се различни и во нив го истражува задоволството и притисокот од зависноста, грижата и поддршката. Томас ја истакнува истрајноста и интимноста на негата од оние што се очекува да ја овозможат – претежно црни жени, црни фемки и луѓе со обоена кожа. Цели кон тоа да изгради мостови на разбирање, заедница и грижа преку своите дела. Нејзините дела се насочени кон себе/заедничка грижа во реално време и создавање на побезбедни простори кои ќе ги преобмислат, преработат и отсликуваат црните и луѓето со обоена кожа. Дипломира на Школата за визуелни уметности, а се стекнува со магистерска титула на Школата на Уметничкиот институт во Чикаго. Своите дела ги претставува национално и меѓународно во огромен број значајни музеи, театри, центри за изведувачки уметности и фестивали.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе