Вести Култура

Со новите протоколи Филхармонијата ја почнува сезоната

Со концертот симболично насловен „Музика на два метра“ и изведбата на  антологиското дело на Густав Малер „Песнa за земјата“ Филхармонијата по шест месечна пауза ја започнува новата сезона, според сите здравствени протоколи на надлежните институции. Задолжително носење маска и дистанца, специјално конципирана програма и рестриктивен број на изведувачи публиката ќе има можност да го проследи првиот концерт во четврток.

Отвораме сезона со препораки на Комисијата за заразни болести со 30% застапеност на публиката во однос на целиот капацитет, значи околу 300 билети би биле во оптек во однос на отворањето. Публиката според строги критериуми и во однос на влезот со дистанца, со мерење телесна температура, незадржување и групирање во холот и во самото гледалиште со конкретни дистанци и неопходни строги шеми во однос на продажбата на билети, рече директорот Виктор Илиески.

По повеќе од две децении Филхармонија ќе добие шеф диригент, маестро Габриел Бебешелеа, кој ќе го води и концертот во четврток. Долги беа преговорите со Бебешелеа и конечно ги заклучивме минатата година во Минхен. Радува фактот кога  уште на самите проби сведочите на таа хемија меѓу диригентот и оркестарот, рече Илиески.

Сега сме на еден нов почеток, на некој начин повторно родени и токму поради таа идеја реков да ја почнеме сезоната со ова дело „Песна за земјата“ на Малер, што во суштина е студија за животот, љубовта, смртта и што е она што следи потоа. „Песнa за земјата“одлично кореспондира со целокупната ситуација, изјави Габриел Бебешелеа, шеф диригент на Филхармонијата

Во рамките на  концертот во четврток како солисти ќе настапат   тенорот  Корби Велч и мецосопранистката Хајке Веселс.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе