По пауза од шест месеци пациенти кои чекаа термин за магнетна резонанца во поликлиника Чаир ќе можат да закажат снимање и во трета смена. Поради почицискиот час кој беше воведен како заштитна мерка против корона вирусот поликлиниката работеше само во две смени .
Инаку , само во оваа поликлиника магнетна резонанца прават повеќе од 3000 пациенти од земјава.
Останатите поликлиники во Скопје работата само две смени , а како дежурна е поликлиника Букрешт, додава директорот на Здравствен дом Скопје, Исјановски. Инаку пред неколку денови министерството за здравство информираше дека доколку трендот со коронавирусот остане непроменет дел од клиниките со редовен прием на пациенти би стартувале од утре . А, системот „Мој термин“ ќе биде изменет. Со него нема да се закажуваат веќе одложените пациенти од изминатите месеци, бидејќи клиниките ги имале нивните имиња и биле направени интерни списоци по кои тие ќе бидат повикувани во болниците.
Теодора Цветковска