Вести Економија Македонија

Бесими: За да има повисока плата мора да има поголема продуктивност во економијата

Да бев во позицијата да им кажам дека платите може да се зголемат за 30% и повеќе, тоа ќе беше хит и за граѓаните  и за стопанството, рече министерот за финансии Бесими, во вечерашната емисија Вин Вин.

„Тие платите ги добиваат од даноците и од стопанството. Мора да расте продуктивноста на економијата за да има повеќе приходи и јавниот сектор да биде поефикасен во услугите и исто така да го следи раст на пари во приватниот сектор. Нема магија. За да има повисока плата мора да има поголема продуктивност во економијата. Кога зборувам за буџетски средства. Тука има економско-социјален дијалог. Владата досега, барем оваа година покажа голема кооперативност. Тоа е отворена тема, затоа кажав дека јас не сум адресата. Министерството за финансии кажува само дали тие политики можат да се вклопат во еден одржлив буџет“, образложи Бесими.

Синдикалците лути, министерот за финансии ги прати на друга адреса да бараат зголемување на платите

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

Дејан Дејан

Киев: Нападнавме руски воен аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе