Вести Економија Македонија Најважни

Синдикалците лути, министерот за финансии ги прати на друга адреса да бараат зголемување на платите

Синдикалците налутени, а властите не попуштаат.

Точка на запнување е ветеното зголемување на платите во јавниот сектор – нешто што претходно веќе било договорено.

Ова го тврдат од Синдикатот, а од Владата негираат.

Генералниот штрајк сè уште останува како единствена опција, ако платите не пораснат линеарно.

Но, ребалансот на Буџетот веќе е скроен, а пари за тоа не се предвидени.

Министерот за финансии, Бесими, ги испрати синдикатите на друга адреса.

„Вчера исто така еден друг Синдикат имал протести пред Министерството за финансии. А, Министерството за финансии не е вистинската адреса за протести. Ние во конкретниот случај, во фаза кога се работеше ребалансот на Буџетот, нема завршени преговори ниту решенија. Ние не можеме да предвидиме работи коишто не се дефинирани“, изјави министерот Бесими.

Уште утре да се случи линеарно зголемување на платите во јавниот сектор – бара Дарко Димовски од ССМ.

Изјавите на министерот за финансии ги нарече оправдување.

Преговорите за покачување и одредување средства од Буџетот за таа намена, се воделе во Владата и сите министри, а особено од надлежните министерства – добро знаат што е ветено.

„Јас потврдувам уште еднаш, министерот сигурно беше запознаен со ова наше преговарање. На владин предлог, начелно беше договорено зголемување на платите за 2860 денари да важи со ребаланс на Буџетот, од први јуни, за сите работници. Затоа сметам дека ова е негово оправдување и за мене, како Дарко Димовски претседател на Сојузот на синдикати на Македонија – е неприфатливо“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Синдикатите претходно најавија дека ако не ги добијат тие 2.800 денари, ќе бараат зголемување на примањата oд 18 ,4 отсто колку што се зголеми минималната плата.

А, завчера, министерот за финансии Бесими во својата нова колумна напиша дека е потребно да се креира нова, сеопфатна методологија, со која ќе се прилагодуваат платите во јавниот сектор.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе