Вести Македонија Најважни

Заклучените пратеници со најава за интерпелација за спикерот Џафери- Ковачевски порача проблемите да се решаваат во законодавниот дом

Заклучени врати, препирки и обвинувања. Спикерот Талат Џафери, нареди, службите ги заклучија вратите од салата за да се пребројат пратениците. Опозицијата реагираше дека им се ограничува слободата, Џафери на членови од деловникот. Реакцијата стаса денеска со најава за интерпелација за Талат Џафери, а дебатата се прелаа и на редовните пратенички прашања. Премирот,Ковачевски се огради до однесувањето на Џафери им порача на пратениците сами да си ги решаваат несогласувањата. Ова е втор скандал со Џафери откако протече аудио снимка како со пцости и на висок тон им се се обраќа на собрансиктие службеници.

Диктатор и автократ. Претседателот на собранието Талат Џафери дочна синоќа ја ограничи слободата и го кршеше деловникот. Овие зборови, пратениците од опозицијата ги поткрепија и со видеа од мобилните телефони откако спикерот Џафери наложи на службите да ги заклучат вратите за да се пребројат присутните во салата.

Вратата се отвори, пратениците ја добија слободата а денеска стаса и одговорот на пратениците против Џафери. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе, а спикерот Талат Џафери според деловникот ќе се извести самиот. Но, ќе има интерпелација за него ако  мнозинството пратеници кренат рака ЗА. Инцијативата за интерпелација за Џафери доаѓа заради низата скандали кој опозицијата во законодавниот дом му ги припишува на спикерот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери не го прекршил Деловникот, тврдат од неговиот Кабинетот, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Џафери синоќа ги заклучил во салата со купола каде требаше да се одржи 71. Седница, за што денеска најавија и барање за негова интерпелација.

Кабинет на Претседател на Собрание: „Според тоа, во текот на вчерашниот ден вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Со оглед на тоа што во салата со куполи, каде што во овој период се одржуваа пленарните седници нема соодветна опрема, се воспостави пракса координаторот да составува листа од присутни пратеници пријавени за збор“, се наведува во соопштението.

Собранието денеска одново е политичка арена на пратениците. Редовните пратенички прашања се претворија во меѓусебни обвинувања помеѓу премиерот и собраниската опозиција, ЗА или ПРОТИВ спикерот Џафери.

Џафери со недели е на тапет кај опозицијата во собранието која поднесе и пријава до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања по пријавата од пред две недели за недоличното однесување на Џафери кон собраниските службеници пропратено со пцости. На потег е претседателот на комисијата Панчо Минов кој сеуште не свикал седница со единствената точка на дневен ред. До евентуална интерпелација пред пратеничкиот состав, Џафери има право од 15 дена писмено да се изјасни по предлогот за интерпелација.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе