Наместо зголемување на платите, синдикацлите ќе добијат нова методологија за мерење на продуктивноста.
Најавија генерален штрајк, затоа тоа што се чуствуваат изиграни и револтирани поради тоа што Владата со новиот ребаланс нема предвидено пари за ветеното зголемување на платите од 2.800 денари на вработените во јавниот сектор.
Ќе остават простор уште неколку дена за да добијат покана за средба во Владата, за потпишување на колективниот догоро, а ако тоа не се случи излегуваат на улица.
-Ова не е начин на комуникација. Незадоволство има огромно од ваквиот однос во 5 до 12 да се утврдува дека сега ќе правиме методологија и оценување, тоа само кажува колку владата ги почитува вработените и работниците во земјава, вели Трпе Дејановски од УПОЗ.
Вчера министерот за финансии Бесими во својата нова колумна напиша дека е потребно да се креира нова сеопфатна методологија, со која ќе се прилагодуваат платите во јавниот сектор.
“Во оваа методологија ќе се вреднува продуктивноста, како и одржувањето на стандардот (растот на реалната плата и инфлацијата). Соодветно кога ќе се постави методологијата ќе се наменат и средства” – вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Уште во април синдикатите побараа линеарлно зголемување на сите плати во јавнито сектор поради растот на минималецот, но и поради порастот на цените на производите и на енергенсите.
Тогаш од Владата добиле одговор дека усогласувањето ќе биде регулирано со измени во општиот колективен догвор.
Ако не ги добијат усогалсувањето од 2.800 денари велат дека од септември ќе бараат зголемување на примањата oд 18 ,4 отсто колку што се зголеми минималната плата.
Ирена Чачкова
