Вести Најважни Свет

Убиецот прво ја убил баба си, па потоа го почнал масакрот и убил 19 деца и двајца наставници

Американската нација се соочи со уште еден хорор. 19 деца, од второ, трето и четврто одделение се убиени за време на часовите во основно училиште во малиот град Увалде во Тексас. Ги убил 18-годишниот Салвадор Рамос кој пукал со пиштол, со полуавтоматска пушка, и чаури со голем капацитет. Животите се згаснати и на двајца наставници.

Но, пред да го почне својот масакр, напаѓачот ја убил баба си, се качил во автомобилот, се судрил со друго и трчајќи влегол во училиштето, каде почнал неконтролирано да пука. Полицијата брзо реагирала на повикот, но напаѓачот побегнал, а фатен е на патот кон границата и убиен во престрелката со полициските офицери. 13 деца и еден возрасен се однесени во болница, со тешки повредеи, а две се во критична состојба. Родителите нервозно чекаа со часови да добијат информации за своите деца кои беа евакуирани од полицијата. Им се прави ДНК анализа за да се утврдат идентитетите.

Постојано поставувам прашања, и што се случува и никој ништо не ми кажува. Никој не ми кажува, ништо не ми кажува. А еден од родителите велеше дека можеби има деца на погребниот дом. И тоа е она што ме донесе овде да дознаеме што се случува, вели Рајан Рамирес, родител на четвроодделенка

Надлежните велат дека во грозоморното злосторство делувал сам. Причините не се познати, но неговиот другар за медиумите изјавил дека напаѓачот во последно време се променил и се однесувал агресивно.

Во емотивно обраќање до јавноста, претседателот Бајден, рече дека вакви убиства на деца не се случуваат толку често во светот, освен во Америка. Законот за контрола на оружје се уште е заглавен во Конгресот. Бајден побара пратениците „да ја претворат оваа болка во акција“.

Она што ме погоди е тоа што вакви масовни пукања ретко се случуваат на друго место во светот. Зошто? И таму имаат проблеми со менталното здравје. Имаат домашни проблеми и во други земји. Имаат луѓе кои се изгубени. Но, ваквите масовни пукања никогаш не се случуваат толку често каква што се случуваат во Америка.

Бајден, кој и самиот загубил ќерка, зборуваше и за големината на загубата.

Родителите никогаш нема да бидат исти кога ќе изгубат дете. Тоа е како да ти е откорнато парче од душата. Има празнина во твоите гради. Чувствувате дека сте вовлечени во неа и никогаш нема да можете да излезете. Задушувачки.

Вчерашниот масакр е најсмртоносен оружен напад врз училиште по нападот на основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат во 2012-тата, кога беа убиени 26 лица.. Само годинава во Америка имало пукања во 27 училишта. Младите ученици имаат постојана обука што да прават ако вооружен напаѓач влезе во нивната училница. Политичарите го препознаваат овој проблем кој е речиси единствен за Америка, каде што оружјето ги надмина сообраќајните несреќи како водечка причина за смрт кај децата и тинејџерите. Но, тоа е проблем што политиката изгледа е неспособна да го реши.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе