Бројот на жртвите во основното училиште Роб во градчето Увалде- Тексас се искачи на 19 деца и двајџа возрасни, објави CNN.
Напаѓачот е ликвидиран, а уште неколку деца, наставници и 2-ца полицајци се повредени. Убиецот имал 18 години и пред да тргне во крвавиот масакр ја застрелал својата баба.
Пријател на убиецот изјавил дека пред неколку дена осомничениот му испратил фотографија од пушка и муниција.
Во нападнатото училуште учат деца од 3-то и 4-то одделение.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
