На 23 и 24 мај во посета на во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква. Ќе ја предводи Српскиот Патријарх г. г. Порфириј.
Од МПЦ соопштуваат дека на 24-ти мај во 9 часот во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, патријархот г. г. Порфириј и архиепископот г. г. Стефан, ќе служат заедничка литургија.
Посетата доаѓа по заедничката литургија меѓу СПЦ и МПЦ-ОА која во четвртокот се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград по одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на каноничноста на МПЦ-ОА на 9 мај, и одлуката на Саборот на СПЦ за Македонската православна црква – Охридска архиепископија да го прифати статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.
