Вести Економија Топ вести

Шест месеци по хаваријата во РЕК Битола, транспофрматорот тежок 160 тони со воз патува на поправка во Србија

Трансформаторот  кој изгоре во пожар на почетокот на минатата грејна сезона   и го остави третиот блок на РЕК Битола надвор од производство за време на најголемата енергетска криза, конечно е испратен на поправка во Србија. Шест  месеци по хаваријата и долги подготовки, постројката е демонтирана и патува на репарација со 4 товарни камиони, додека  јадрото на трансформаторот тешко 160 тони ќе се транспортира со   воз.

Во овој момент сме финализирани за транспорт на трансформаторот, затоа што од комплетен трансформатор моравме да ги извадиме сите делови, кои се габаритно над можноста за превоз. Тие се спакувани во 4 камиони и тргнуваат за Белград каде ќе се врши репарацијата, рече Александар Мирчевски, одговорен инженер во РЕК Битола  

Во подготовките за транспорт од РЕК Битола до Србија подолго време се вклучени и лица од фабриката   каде трансформаторот  ќе се поправа.

-Треба да се извади активниот дел, да се демонтираат намотките, да се види какво е оштетувањето. Ако треба да се направи нов, ако не да се поправи стариот и да се врати. Оди на комплетно испитување, значи сите тестови мора да ги помине пред да се врати тука, вели Зоран Лазиќ, Комел Белград  

Се очекува трансформаторот од третиот Блок во РЕК Битола да биде готов до почетокот на следната грејна сезона, а поправката  Државните електрани ќе ги чини 7 милиони евра. Проблемите  почнаа уште лани во август, кога го санираа вработени во РЕК со помош на нивни колеги од МЕПСО, ЕВН и елктротехничките факултети. Но, во ноември избувна  пожар на трансформаторот, а обидите за негова поправка беа неуспешни, поради што третиот блок повеќе од половин година  не произведува електрична енергија, а комбинатот работи со две третини од капцитетот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе