Интеграцијата на Западниот Балкан е стратешки интерес на Европската унија, но и на Германија, поради што во јуни германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети регионот, пред одржувањето на Европскиот совет, при што дестанација се очекува да му биде и Македонија. Германскиот канцелар ова го најави денеска обраќајќи им се германските пратеници во Бундестагот, при што, додека зборуваше за Западниот Балкан и обврската која Европската унија ја има преземено кон регинот, на двапати беше прекинуван со аплауз.
„Со години тие преземаат интензивни реформи и се подготвуваат зе влез во ЕУ. Почитувањето на ветувањето кое им го дадовме не е само прашањето на нашиот кредибилитет. Денес повеќе од било кога, нивната интеграција е исто така и наш стратешки интерес“, рече Шолц во Бундестагот.
Шолц кој денеска се порача дека не правењето на отстапки кон Украина кон ЕУ не би било дфер кон земјите од Западниот Балкан, порачувајќи:
„Западниот Балкан припаѓа во Европската унија“.
Веднаш по обараќњето на Шолц во Берлин неговата порака во Скопје ја пренесе германската амбасадорка Анке Холштајн, која притоа рече дека европската интеграцијата на Западниот Балкан е и од стратешка потреба и на Германија.
„Германската влада останува посветена најмногу што може и ќе се бориме за тоа“, рече Холштајн.
Амбасадорот на Европската унија во земјава, кој денеска не сакаша, како што рече, да влегува во дебата околу јуни како краен рок кој го постави од високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, за старт на преговорите со Македонија и со Албанија, рече дека Борел сакал преку тоа да изрази сентимент дека Унијата сака најбрзо што е можно да ги почне преговорите содвете земји.
Запрашан за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање Европска политичка унија која вчера ја презеде и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, а која се промовира како резервна варијанта за Западниот Балкан за полноправно членство во Унијата, Гир со став дека нема замена за пристапниот процес.
„Смета дека претседателот Макрон и коментарите и на претседателот Мишел беа јасни дека пристапниот процес за Западниот Балкан останува движечка сила и нема промени и разлики во пристапниот процес тука. Единствената основа е проширувањето за Западниот Балкан, тоа е апсолутен приоритет, заснован на реформи. Не, не гледам дека тоа влијае врз пристапување како полноправни членки во ЕУ“, рече Гир.
Гире денесака побара да се вложат сите напори за пристапните преговори со земјава да почнат.
Тамара Грнчароска
