Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ од денеска го бојкотира Собранието, бараат предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува активна блокада на Собранието, која ќе трае, како што велат сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.

Според премиерот Димитар Ковачевски, блокадата на Собранието од страна на најголемата опозициска партија е неодговорна и за политички цели. Тој потенцира дека со блокирање на Собранието се бојкотираат граѓаните и компаниите.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села смета дека предвремени парламентарни избори треба да има во октомври доколку земјава не добие датум за преговори на Самитот на Европската унија во јуни.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети при гостувањето на ТВ Клан рече дека бојкотот нема поддршка од ниту една држава со напредна демократија, не знам која е нивната агенда со саботирање на законите кои се во интерес на државата. Значи дека нема да добиваат ништо од ова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе