Утре во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Попладне на некои места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер (со брзина и над 60 км/час) од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 8°C, а дневната од 13 до 21°C.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С измерени денеска)
-2 Берово, Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Куманово, Крива Паланка, Маврово, 1 Прилеп, Битола, Виница, Крушево, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, 3 Претор, 4 Охрид, Гевгелија, Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2)
10 Маврово, 6 Берово, Крива Паланка, 4 Лазарополе, 2 Тетово, Виница, Пожаране, 1 Демир Капија.
