Македонија

Продолжува блокадата на патот кон депонијата Русино и во наредните 10 дена

Активистите остануваат на рампата на локалниот пат кој води до депонијата Русино и во следните десет дена.

Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ повторно ја воведоа забраната и за камионите на гостиварски Комуналец, затоа што деновиве депонијата гори, а ѓубрето не се затрупува.

Од Иницијативата велат, дека на Русино сега не се работи, иако Општината добро започнала во реализација на нивните барања.

Во меѓувреме се организираат информативни средби и јавни дебати за граѓаните да се изјаснат дали се за швајцарскиот модел, според кој Русино треба да стане санитарна депонија или за најбрзо затворање и дислокација.

Од Центарот за развој на полошки плански регион, појаснуваат дека за отворање и затворање на депонија треба соодветни протоколи и време. Блокадата на Русино започна на 2 август. Гостиварци се решија на ваков потег откако состојбата на депонијата стана алармантна во изминативе три месеца, која гореше отпадот, а граѓаните се жалеа на загаден воздух.

Сите се согласни во нивното барање, односно да се затвори ѓубриштето, кое со децении ги труе жителите на Гостивар и околината.

Данијела Петковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе