По Седницата на централното раководство на ДУИ, лидерот на партијата, Али Ахмети, ги потврди имињата на министрите во новата Влада. Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, додека на министерското место за економија останува Крешник Бектеши, за животна средина Насер Нуредини. Дополнителни консултации ќе има за Министерството за информатичко општество и администрација. Ахмети, рече дека со функциите во новата влада ќе испратат порака за заедничка држава и порака за рамноправност.
Ние воспоставивме партнерство и последователно ова Влада ќе се кораководи од Премиерот и Првиот Вицепремиер и истовремено и Министер за Политички Систем преку консенсуалното одлучување како начело на ковладеењето. За прв пат во државата ќе се промовира и ќе се врши функцијата Прв Вицепремиер и ова личност ќе биде еден од нас, порача Ахмети.
Ахмети рече дека овој договор е историски за заедничко раководење на идната Влада на земјата.
Првиот Премиер Албанец беше нашата цел за овие избори. За време на кампањата рековме дека оваа идеја не е за позиции, не се однесува на мене, но е чекор кон потполна рамноправност, за побезбеден и подобар живот, за соеднинство и иднина, за сите, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ истакна дека оваа влада ќе го продолжи патот кон европската интеграција и евроатланското партнерство и ќе биде заштитник на Преспанскиот, Договорот за добрососедство и Охридскиот мировен договор, но и ќе спроведе ветинг во политиката и судството, и ќе се фокусира на економскиот развој.
Данијела Билбилоска
