Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети ја почнаа средбата во Клубот на пратениците на која се очекува конечен договор за формирање владина коалиција.
Заев и Ахмети се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.
Како што соопштија вчера СДСМ и ДУИ, постигнат е сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада.
За време на викендот и вчера продолжиле интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна влада на Република Северна Македонија.