Утре ќе биде променливо облачно, што значи ќе има и сончеви периоди, но особено во источните делови од земјава со зголемување на облачноста и кон крајот на денот со услови за слаб, локален дожд. Ветерот, слаб до умерен од југозападен правец. Наутро температурата ќе се движи околу 0°C, а дневната малку повисока од денешната, во интервал од 11 до 17°C и ќе биде релативно топло.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
54 Попова Шапка, 50 Крушево, 43 Маврови Анови, 14 Пожаране.
Минимална температура (во °C)
-9 Маврови Анови, Берово, -7 Скопје-Петровец, -6 Штип, Битола, Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, -5 Попова Шапка, Куманово, Прилеп, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Гевгелија, -3 Kрушево, Дебар, -2 Виница, 0 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/