Преспа нема доволно сместувачи капацитети да ги прими сите заинтересирани гости ова лето. Затворените граници поради пандемијата и ваучерите од кампањата „Дома си е дома“ го преплавија Преспанското крајбрeжје како во најдобрите времиња пред половина век. Во Преспа има само неколку помали хотели, кои се резрвирани до крајот на месецот, а до последно место се пополнети бунглаовите и приколките во автокамповите.
-Нашите сместувачки капацитети се исполнети во целост до 30 овој месец. Ние секоја година имаме гости, но годинава бројот е зголемен, еве телефоните ѕвонат постојано, но за жал немаме повеќе сместувачки капацитети, вели Николче Коруновски, автокамп „Крани“ .
Не може да се најде слободно место ниту во приватните куќи и викендици низ живописните Преспански села, сместени во Потпелистерието и оддадлечени неколку киломемтри од брегот. Жителите и оние кои имаат викендици во Преспа, велат дека одамна не паметат ваква навалица.
-Можеби дваесетина пријатели ми се јавија, аман најдете ни место да излеземе од градот. Но тука има малку луѓе што се занимаваат со туризам и колку што можат примаат гости, вели жител од Скопје, сопственик на куќа во Љубојно.
Со години нивото на Преспаснкото езеро опаѓа, нема плажи, во вода речиси и да не се влегува од треви и тиња, па туризмот замира. На западниот брег од Отешево до Стење се распаднаа голем дел од одморалиштата и некогаш најубавите хотели „Европа“ и „Југославија“. На источниот дел, од Претор, преку Сливница, Крани до Долно Дупени, има неколку уредени плажи, но воочливо е драмтичното повлекување на езерото.
-На места водата е повлечена и по 50 метри, а плажите освоени од бујна вегетација, сепак, туристите велат Преспа има и другии убавини.
-Околината е убава, воздухот е преубав, езерото. Без разлика што се повлекува, но убаво е, наше и прекрасно е. Имам еден апел до сите, кој како доаѓаме да си ја чуваме нашата земја. Да не оставаме ѓубре, несредено, затоа што пак ќе се вратиме, вели туристка.
Но, хотелиерите велат дека голем број туристи, пред се странски се откажуваат да летуваат покрај езеро без плажи.
-Имаме различен вид на гости, некои доаѓаат за местоположбата и природата, но голем дел од нив се откажуваат кога ќе има кажеме дека нема плажа и дека езерото е тешко достапано за пливање, вели Лилјана Нечовска, управител во хотел „Лејквју“ Отешево.
Сепак во специфичните околности што ги наметна пандемијата, Преспа ова лето доживува туристичка ренесанса. Но, не само што овде се вратија туристите, туку утрово во посета на Преспаснкот езеро, кај Езерани, долетаа и пет розови фламинга. Од Македонското еколошко друштво велат дека нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор на патот каде тргнале. Ова е убава и ретка појава, затоа што фламингата не се гнездат кај нас и можат да се забележат само во прелет за врeме на миграција.
Емилија Мисирлиевска