Македонија Најважни

Ахмети: Во пресрет сме на донесување големи одлуки, се уште нема договор меѓу ДУИ и СДСМ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор ги повика лидерите на парламентарните партии на Албанците на средба, но тие не дојдоа во скопскиот хотел Парк. Ахмети искажа разочарување што тие не дошле на овој ден, кога се одбележува годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој рече дека договор за коалиција и формирање Влада со СДСМ се уште нема и дека тој и лидерот на СДСМ Зоран Заев и денеска ќе имаат средба

– Ги повикав албанските политички партии за да им се заблагодарам за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и друго. Сакав да ги слушам и нивните предлози и забелешки. Многу ми е жал што тие не дојдоа на денешната средба. Би сакал нивното недоаѓање да не го користат за политички цели. Во пресрет сме на донесување на големи одлуки, истакна Ахмети на брифинг со новинари. Во изјавата потоа тој изрази жалење и разочарување што тие не одговорија на денешниот повик за средба на денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Ахмети истакна дека би сакал сите да преземат одговорност за „сето тоа што е пред нас и очекува решение од наша страна, од сите нас кои баравме поддршка од граѓаните“.

– Овие заеднички постигнувања кои се постигнувања за сите Албанци и за сите граѓани на Република Северна Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци… затоа што над се доби нашата заедничка држава, доби мир, стабилност, сигурност, хармонија и доверба помеѓу заедниците дека во оваа земја може да има иднина, дека оваа држава може да се живее и може заеднички да живееме, рече Ахмети.

Според него, денеска е историски ден и затоа на овој ден ја свикал средбата со цел лидерите на партиите на Албанците да разговараат.

– Во врска со коалицирањето пред и по кампањата јас изјавував дека треба досегашните коалициони партнери да продолжат. На овие избори сите беа против ДУИ, но граѓаните одлучија ние да ги претставуваме. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ. Ако се забарикадираме не е добро за државата. Во ДУИ ќе преодвладува разумот и логиката, рече Ахмети на брифингот.

ДУИ, како што кажа, ги има поставено црвите линии, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, ветинг и премиерската позиција.

– Но, сакам од нив да слушам која е причината за неприфаќање на премиерот. Мислам дека ова прашање ќе биде разјаснето по завршување на овој процес, рече Ахмети, кој потврди дека денеска ќе има средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши, како и Билал Касами од Беса се изјаснија дека нема да одат на средбата, додека Мендух Тачи од ДПА не се изјасни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе