Македонија

Пораст на бројот на илегалните мигранти

Отркиени 148 мигранти во одделни случаи вчера. 103 мигранти биле пронајдени во камион кој го спорела полицијата во близина на Демир Капија. Уште 45 мигранти кои илегално биле транспортирани откриени се во близинана село Ваксинце. Од МВР и невладините потврдуваат дека со олабавување на мерките поврзани со пандемијата пораснал бројот криумчарењето на мигранти .

Во еден камион дури 103 мигранти ја минувале државата. Илегално влегле на јужната граница но на патот кон северната кај Демир Капија ги сопрела полицијата. Возачот 37 годишен жител од Липково избегал но набрзо бил пронајден, а патниците од Пакистан, Авганистан, Индија, Иран, Сирија, пренесени во прифатниот центар Винојуг. Но ова не била единствената група која со помош на криумчарите се обидувала да помине низ државата. Речиси пред да ја напуштат земјава во близина на Ваксинце бил отркиен уште еден камион со 45 мигранти. Статистиката на МВР покажува дека во првите 6 месеци од годината биле откриени 48 случаи на криумчарњењ на 1.250 мигранти, што е 45 посто повеке од истиот период,  лани.

И од МВР и  македонското здружение на млади правници кои се присутни во двата транзитни центри  објаснуваат дека во неколкуте месеци која беа затворени грнаиците поради корона кризата се намалиле бројот на криумчарења но од крајот на мај со олабавување на мерките повторно драстично пораснал.

Дранговски посочува дека шеста година по ред на јужната граница има присуство на странски полциски службеници кои патролираат заедно со македонските, но и покрај тоа а и покрај високите затворски казни за криумчарење, криумчарите се упорни бидејки гледаат профит во тој бизнис. Од здружениерто порачуваат дека освен полицијата, потребно е и други иституции да се вклучат во превенизја на овој вид на криминал но да се посвети повеќе внимание на заштита на мигранти кои често се жртви на напади и др вид на криминал.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе