Македонија Најважни

Земени мостри од отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар

ДИЖС на ден 15.07.2020 година, по добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, излезе на увид на посочената локација и со непосредниот инспекциски надзор утврдена е следната фактичка состојба.

Како што соопштуваат од инспекторатот отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар била со видлива црвена боја. Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б.и се утврди следната фактичка состојба.

              Во момент на надзорот погонот Лужилница не  беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен.Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови.При увид во пречистителната станица  утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим,и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна, соопштуваат од инспекторатот.

Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода.

Инаку, ниту Либерти АД Скопје нту Макстил АД немаат пријавено било каков инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе