Вести Македонија

Не стивнуваат реакциите за стартот на идната учебна година

Министерството за образование, експертите, родителите и синдикатот на наставниците се уште дебатираат како би почнала учебната година од 1 септември. Додека се прават анализите, протоколите, платформите, Трајче Димов долгогодишен наставник од прво до петто одделение, а сега директор на штипското основно училиште Гоце Делчев“ смета дека здравјето и безбедноста на децата треба да бидат на прво место, но за да учениците од прво до трето одделение ги научат буквите,  читаат и да почнат  со основните математички операции потребно е нивното физичко присуство во училниците.

Се уште се одвиваат и уписите на првачињата во основните училишта. Во мај само едно штипско училиште ги има пополнето слободните места за прием на првачиња, останатите четири ги немаат и таму уписите се во тек. Наместо 600 првачиња, годинава се очекува Штип да има над 400.

Дестина години наназада источниот регион се соочува со намалување на бројот на децата во училиштата. Само лани од предвидените се запишаа вкупно 11 паралелки помалку, односно првачињата наместо да почнат со учебната година во општините, каде се родени, во училишните клупи седнаа онаму каде што се иселени во Италија, Словенија, Шавјцарија, Германија или скандинавските земји.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Арсовска до Рокас: Во секоја држава има мафија само во Македонија мафијата си има своја држава

Дејан Дејан

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе