Култура

Визуелните уметници преку цртежи одговараат на пандемијата со Ковид-19

Од реалистични , преку асоцијативни до симболични дела  кои изразуваат протест. Вака членовите на ДЛУМ , Наташа Андонова, Пандора Апостолоска Саздовска, Јовица Мијалковиќ , Ана Спасова и Дијана Томиќ Радевска,  ги искажуваат чувствата поврзани со кризита од корона вирусот и светот во кој живееме, на изложбата „ Цртеж- експериментален цртеж“. Делата се создадени во изолација, за време на полициските часови и претставуваат своевиден лек за прочистување на авторите.

Мислам дека тоа е лекот кај нас уметниците. Кога работиме ние, всушност се прочистуваме. Го прочистуваме моментот во кој живееме . Но, го нудиме тој момент на публиката , за самата да почувствува чистење преку уметноста, вели Дијана Томиќ – Радевска- претседателка на Уметничкиот совет на ДЛУМ.

И награденото дело „ Колективна дата база“,  од авторката Марија Мицова Гацова, е поврзано со пандемијата. Нацртано е со јаглен, како симулација на дигитално креирано дело. Настанало во април , за време на вонредната состојба, како  одговор на притисокот што го чувствувала уметничката.

Во ова дело сакав да реферирам на неколку прашања. Тоа се: На кој начин личноста е поврзана со искуствата на колективитетот? Дали се раѓаме со веќе изградени податоци-искуства од претците и дали сме слободни или нашиот избор е определен од таа колективна дата база? вели Марија Мицова Гацова- наградена авторка на изложбата „ Цртеж- експериментален цртеж“

Покрај јагленот, уметниците експериментирале со молив и туш, а користеле и комбинирана техника. Нивниот ангажиран пристап се огледа и во темите за преиспитување на еколошката свест, уништувањето на природата, но и потребата од самозаштита. Изложбата ќе биде отворена во галеријата на ДЛУМ во ГТЦ, до 15 август . Ќе може да ја видат  најмногу по двајца посетители наеднаш, со маски на лицата. А, во септември изложбата ќе биде поставена во Македонскиот културен центар во Њујорк.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе