Вести Економија Топ вести

Покачувањето на цената на струјата и гасот, закана за опстанокот на јавните претпријатија во Куманово

По покачувањето на цената на гасот и струјата, за опстанок сега ќе се борат јавните претпријатија во Куманово. Спас и помош ќе бараат од владата, оваа го кажаа на последната седница на советот на општина Куманово директорите на кумановските јавни претпријатија.

Градскиот базен со кој стопанисува јавното претпријатие Чистота и зеленило е затворен откако пресметавме дека за месец јануари ќе треба да платиме дури 50 000 евра сметка за еден месец за струја и гас, а тоа директно ќе се одрази на нашата примарна дејност, одржување на јавната хигиена во градот, рече ДАНИЕЛ СТОЈЧЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП „ЧИСТОТА И ЗЕЛЕНИЛО“.

Советниците од редовите на СДСМ во градскиот совет кои сега се  опозицијата побараа пренамена на средства и отворање на базенот, но директорот Стојчевски вели дека има приоритет каде треба да се пренасочат средствата. А тоа е опстанокот на јавните претпријатија, водоснабдување на градот и затоплувањето на училиштата.

И директорот на јавното претпријатие Водовод од Куманово, Оливер Стојмановски вели дека, ако продолжи енергетската криза од предвидената развојна програма за 2022 година нема ништо да се реализира, можна е и нова криза за вода или покачување на сметките за вода.

Ако биде како сега што е сега ситуацијата од оваа програма нема нисто да се реализира. Цената на струјата е зголемена за 350 отсто и тоа нема да биде проблем само во Куманово, туку во цела Македонија. Ние  преку АДКОМ и ЗЕЛС поднесовме иницијатива да се прогласи криза во водоснабдувањето на територија на цела држава и ако може државата да ги покрие трошоците за електрична енергија кои од јануари ќе бидат енормно зголемени. На нас во септември сметката за електрична енергија ни беше 1 милион, во ноември 2,2 милион денари, а во јануари 8,6 милиони денари“, вели Стојмановски.  

Во програмата како што информираше Стојмановски предвидено е замена на доводниот челичен вод од Липково до филтер станицата, кој е во многу лоша состојба.

Јавното претпријатие планира и набавка и поставување на фотоволтаици на двата најголеми потрошувачи, пречистителната станица и филтер станица.

Сузана Андоновиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе