Се нарушуваат слободата на пазарот и претприемништвото со законското решение за недела неработен ден, истакна во вечерашнбата Топ Тема на Телма Зоран Јовановски, Стопанска комора на Македонија, образложувајќи ги двете претставки испратени до Уставниот суд.
„Самиот факт дека законското решение има цела една редица на исклучоци, која е неисцрпна и може да се продолжи. Одредени правни субјекти се ставени во нерамноправна положба во однос на другите и оценката е дека тоа законско решение е во судир со некои од основните уставни начела“, рече Јовановски.
Претседател на собранието на стопанската комора на севрозападна Македонија Мендерес Кучи е на ставот дека никој од рабоптодавачите не е против правата на работниците но, тој прашува – зошато баш недела?
„Ние не сме администрација за да може лесно да ставиме клуч на секој вид на бизнис. Еве на моите вработени, на сите не им договара недела неработен ден. Затоа тшо еден ден во неделата тој сака да го користи за админстративни работи“, рече Кучи.
