Доскорешниот претседател на Собранието, а од утре претеседавач со него, Талат Џафери, денеска излезе од Инфективната клиника, каде се лекуваше две недели. Најави дека од болнички кревет уште утре ќе седне во претседавачкото столче. Не беше позитивен на корона вирус, но имаше тешка пневмонија за која само кусо соопшти.
Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре.
А таа за прв пат ќе биде под посебни, овој пат, здравствени протокли, ниту пак ќе се одржи во собраниската сала Македонија, туку во салата во јавноста позната како голема купола. Под зраците на сонцето, овој пат секој пратеник ќе има своја клупа, одделена од неговиот колега на растојание од метар и половина. Секој ќе си има и свои слушалки, а ќе се гласа со картончиња. За да се влезе во зградата мора да се има нормална телесна температура, а поканетите гости исто така ќе следат пренос од пленарната сала. Максимум е дозволено присуство на 50 новинари во прес центарот, а инсерти ќе снима само камерата на јавниот радиодифузен сервис МТВ. Ден пред одржувањето на конститутивната седница сепак неизвесноста за тоа кој со кого ќе коалицира останува. Официјално сите молчат, неофицијално веќе утре лидерот на СДСМ, која партија има и најмногу пратеници ќе го има првиот состанок со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Се очекува да има средби и со лидерите на другите партии кои влегоа во парламентот. Од кабинетот на претседателот Пендаровски уште еднаш повторуваат, дека мандатот ќе го добие тој што ќе има мнозинство.
Претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Согласно уставните одредби, мандатот за состав на новата Влада ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието.
Крајниот рок за доделување на мандатот за формирање на Влада е 14 август, по што мандатарот ќе има дваест денови за да ја формира владата. Силите на политичките партии во парламентот се распределени 46 пратеници за коалицијата на СДСМ и Беса, 44 за ВМРО ДПМНЕ, дуи има 15 пратеници, Алијанса за Албанците со Алтернатива 12, Левица двајца и еден на ДПА. Мнозинството се крши околу преговорите за премиер Албанец, ветување кое предизборно го даде ДУИ на своите гласачи. Последните информации кои излегоа во јавност беа дека ќе има ротирачки, три години на сдсм и една година премиер на ДУИ, но и двете партии веднаш го демантираа ова. Неизвесно останува и кој ќе биде Претседател на собранито, откако за прв пат во 2017 ова место му беше доделено на ДУИ.
Билјана Николовска