Лоренцо Инсиње е многу близу до потпис со Торонто, тим што се натпреварува во МЛС-лигата.
Италијанскиот репрезентативец има договор со Наполи до јуни 2022 година. Преговорите за продолжување на соработката не одат во позитивна насока, бидејќи двете страни финансиски се многу далеку.
Инсиње бара пет милиони евра годишна плата, додека клубот му нуди 3,5 милиони. „Кориере дело Спорт“ објавува дека понудата на Торонто е далеку подобра, бидејќи на крилниот напаѓач ќе му понуди четири годишен договор вреден седум милиони евра по сезона.
Целата своја кариера 30-годишникот ја игра во дресот на Наполи со исклучок на две позајмица во Пескара и Фоџа.