Спорт Фудбал

Челси е изборот на Матијс де Лихт за следен клуб

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт следното лето ќе го засили Челси. Холанѓанецот сака да направи нов чекор во кариерата, па по три сезони планира да го напушти Торино.

„Стемфорд Бриџ“ е негова следна дестинација, бидејќи „сините“ се во очајна потрага по нов стопер. Договорите на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен истекуваат во јуни.

Де Лихт ќе биде скапо засилување за Челси, бидејќи Јувентус планира да си ги врати оние 75 милиони евра што му ги плати на Ајакс за трансферот.
Интерес за стоперот има и од ПСЖ, Баерн Минхен и Барселона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе