Вести Свет

Тревога по појавата на „хеморагична треска“ во Кина

Во Кина, која го рашири коронавирусот во светот, овојпат постои загриженост за епидемијата на „хеморагична треска“.

Градот Шиен последните денови го достигна својот врв со случаи на хеморагична треска која ја пренесуваат глодари.

Кинескиот град Ксиан е во состојба на готовност поради појава на хеморагична треска.

По зголемвуањето на бројот на нови случаи, градската управа ги зголеми мерките. Жителите на возраст од 16-60 години беа повикани да се вакцинираат.

Вакцината против хеморагична треска се состои од три дози, првите две дози се администрираат во интервал од две недели. Третата доза се дава една година подоцна.

Хеморагичната треска е предизвикана од хантавирус. Се пренесува на луѓето од каснување од глодари или од храна и рибни производи со кои овие животни доаѓаат во контакт.

Преносот на оваа болест од човек на човек е редок.

Зголемување на случаите на коронавирус има и во Шиен. Поради случаите прекината е наставата со физичко присуство во градинките, основните и средните училишта.

Градската управа одлучи да се спроведе масовно тестирање. За лицата кои сакаат да го напуштат градот, потребно е да имаат негативен корона тест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе