Најмалку 169 луѓе загинати по силната бура што ги погоди Филипините во четвртокот. Супер тајфунот Раи, кој дуваше со ветрови од околу 195 км/ч остави 300.000 луѓе без покрив над главата.
Спасувачките екипи ги опошиваат сцените како „целосен масакр“.
Тешко е да се утврди обемот на штетите, бидејќи комуникацијата со голем дел области е прекината.
Се стравува од бројни лизгања на земјиштето и поплавите во кои можеби настрадале уште поголем број луѓе.
Црвениот крст објавува дека голем број области немаат струја, немаат комуникација, и многу малку чиста вода за пиење.
Жителите велат дека некои области кои изгледаат полошо од бомбардирањата во Втората светска војна.
Црвениот крст и Црвената полумесечина покрена итен повик за обезбедување на 16 милиони фунти за финансирање на долгорочните акции за спасување.
Црвениот крст известува за целосно уништување на крајбрежните области. Домовите, болниците, училиштата и зградите се срамнети со земја.
