Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работодавците дека за јули треба да им исплатуваат повисок минималец наработниците. Или наместо досегашните 14.500 минималецот изнесува 14.943 денари. На таа минимална плата дополнително треба да се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата согласно колективните договори. Бараат од надлежните инспекциски органи, како што велат веднаш да ги казнуваат сите несовесни и алчни работодавачи и јавно да ги објавуваат нивните имиња со цел работниците да бидат информирани. Апелираат веднаш да запре праксата работодавачите да ги вклучуваат во минималната плата надоместоците и додатоците.
„За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата така и за исплатата на финансиската поддршка од државата, по пријава на работниците, ССМ ќе поднесе Кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците“- соопшти Синдикатот..
Зголемувањето на минималната плата треба да биде да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците- велат од ССМ.